Месец април музичката сцена во Македонија ќе ја збогати безвременската Јосипа Лисац, со својот концерт во салата на Македонската Филхармонија .

Една од најуникатните музички појави воопшто во регионот на сите времиња, на 20-ти април во рамки на својата турнеја  „50 години Јосипа“, после распродадените големи концерти во Пулската Арена, Сава Центар во Белград, неколку последователни концерти во Центарот Лисински во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје.
Не е прв пат Јосипа да се претстави на скопската публика со свој концерт. Последниот во Скопје го одржа пред повеќе од 10 години во Универзалната сала, каде емоциите се измешаа со силни овации на нејзината „Магла “, која за миг ги осветли сите во Салата. Овој пат благодарение на секогаш пријатната скопска музичка публика таа го стави и Скопје во градовите каде ќе ја одржи својата турнеја.
Инаку, со самото тоа што на музичката Балканска но и светска сцена , покрај сите падови и успеси е присутна 50 години, покажува дека од нејзиниот прв албум „Дневник за една љубов“ објавен 1973 до последниот објавен 2009-тата со наслов “Живеам по свое “, подари илјадници песни преку кои ја отвори својата душа и срце со специфичниот глас и израз во нејзиното пеење на своите обожаватели и публиката.

Не заборавајте, 20 Април, Македонска Филхармонија.