Нова книга

Деновиве во издание на „Академски печат „ од Скопје од печат излезе новата книга на новинарот Бранислав Ѓорѓевски со наслов “Барутни облаци “. Ова е негово трето книжевно дело после двете издадени „Сите тие краеви “ (2012) и „Северно од сонцето„ (2015).

Инспирација за делото е судбината на двајца млади уметници кои во еден миг не можат да си го определат својот животен пат поради наметнатата верска војна.

Промоцијата на книгата ќе се случи вечерва (10-ти април ) во Киното “Фросина“ на Младинско-културниот центар во Скопје, а промотори ќе бидат неговите колеги новинари Ѕвездан Георгиевски и Сашо Кокаланов.