Пред пет години, УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот го започна проектот  кој се имплементира преку Универзитетот на Југоисточна Европа, финансиран од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и меѓународната фондација на Лајонс Клубовите (ЛЦИФ). Главната цел на проектот е да се зголемат образовните можности за децата со пречки во видот преку писменост и пристап до образование како и рано откривање на евентуални очни болести. Проектот е составен од образовна, медицинска и социјална компонента.

Проблеми во читањето

Образовната компонента содржи неколку делови и тоа: 5 целосно опремени и функционални ресурсни центри во пет градови во Македонија (Скопје, Тетово, Велес, Штип и Битола) каде деца со пречки во видот посетуваат дополниелна настава. Секој центар е опремен со визуелни помагала, дидактички материјали, зголемувачи на текст, фјузери, Браеви диспеи, Браеви машини, специјални помагала за математика, уметност, наука и сл.;120 учебници од основно образование адаптирани на Браево писмо од македонски и албански јазик. Дополнителни 20 книги (детски книги) се адаптирани на Браево.;70 аудио книги достапни на нашата веб страна;Контринуирана поддршка и обука на 36 специјални едукатори кои работат во ресурсните центри. (дополнителни обуки за дополнителни 100+ специјални едукатори и редовни наставници од цела Македонија од сите државни училишта), Квиз на знаење со преку 5000 прашања од основно образование, прилагоден за децата со пречки во видот. Секој може да го игра квизот сам, со неколку играчи и мрежно. Наставниците имаат привилегија да создадат свој квиз и да го споделат со своите ученици; Инклузивни спортски активности за деца со пречки во видот се одвиваат неколку пати неделно со различни групи на корисници од ресурсните центри како и од центарот за подршка на лицата со пречки во видот од Скопје; Континуирани вонучилишни инклузивни активности за децата со пречки во видот.

Преглед на видот

Медицинска компонента се содржи во соработката  со Здружението на Офталмолозите, Државна Универзитетска очна клиника во Скопје, приватната очна клиника “Систина Офталмологија“ и очните клиники од другите градови во скрининг активностите. Проектниот тим на офталмолози, составен од 20 истакнати офталмолози, спроведуваат континуирани очни скрининзи во градинките и некои од основните училишта помеѓу 1-3 одделенците. Од 2015 година до сега во градовите Скопје, Куманово, Берово, Велес, Штип, Струмица, Богданци, Битола, Крушево, Охрид, Струга, Кичево, Тетово, Гостивар како и руралните области се прегледани преку 19.204 деца 3-6 години или  во просек со 3 скрининг активности неделно.

Членовите на Лајонс клубовите во Македонија континуирано спроведуваат презентации за родителите и дистрибуција на Лајонс програмата за заштита на здравјето на очите (LEHP), поддршка на вон-училишните активности, како и активности за подигнување на јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со пречки во видот.

Како најмногу се оштетува видот

Во рамки на Социјалната компонента, Проектот отвори Центар за поддршка за лицата со пречки во видов во Скопје, во соработка со Црвениот Крст на град Скопје. Главната цел на центарот се активности и сесии за вештини, како на пример: адаптиран и сертифициран ЕЦДЛ компјутерски курс, часови по основен и напреден англиски и германски јазик, часови по пливање, психолошки советувања, планинарење, готвење, социјализација, споделување на искуства и совети за инклузија и подобрување на системот за социјална и здравствена заштита во Македонија, асистенција при транспорт и мобилност, развивање на вештини, знаења и подготвки за вработување за лица пречки во видот и слепи лица. Обуки и сесии за подршка се одвиваат во центарот секојдневно.