Дете на улица

 

Според последното истражување на Народниот правобранител, во 17 центри за социјална работа низ државава се регистрирани 236 деца на улица. Oставени на улица се најбрзи потенцијални жртви од насилство, злоупотреба, искористување како работна сила и за принуда на малолетнички брачни заедници.

Девојчиња на улица

На 12 април, кој е светски ден за заштита на децата од улица  информација побаравме и од Првата Детска Амбасада „Меѓаши “, која постојано ги следи проблемите со ранливите категории на деца. Драги Змијанац од  таму ни кажа дека тие години по ред во морето проблеми, постојано вниманието го насочуваат и кон проблемите што се појавуваат од малолетничките бракови и бракови под принуда. „За жал кај нас сеуште не се најдоа законски решенија за остварувањето на ова право на децата да бидат заштитени од принудни бракови до своја 18 годишна возраст -вели Змијанац.

Затоа  Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ  отвори  СОС ТЕЛЕФОН  0800 1222 на кој се пријавуваат сите видови на насилство врз деца. Во тек на изминатите неколку години се пријавени неколку случаи на малолетнички бракови. Пријавувачите во Меѓаши  се обраќаат доколку постои насилство во самата заедница, но за жал не се јавуваат да пријават малолетнички брак или да се информираат за начините на кои ваквите случувања и бракови можат да се санкционираат или пак да се спречат. Често се случува родителите кои се необразовани и се социјално загрозени да инсистираат нивното дете порано да се омажи, со цел да го спасат од сиромаштијата. Најчесто тоа е дел од културата која трансгенерациски се пренесува како модел на однесување

 

Во 2013-та година кога Комитетот за правата на детето при Обединети нации во своите завршни забелешки упатени до Владата на Република  Македонија, а изготвени врз основа на периодичен извештај поднесен од државата и алтернативни извештаи поднесени од страна на невладините организации, забележува дека минималната законска возраст за стапување во брак е 18 години. Комитетот уште тогаш  искажа загриженост за праксата на рано и присилно стапување во брак на девојчињата од одредени заедници, вклучително и традиционалните бракови кои не се регистрираат кај надлежните власти, и за пријавените случаи на продажба на деца заради стапување во брак и забележува дека таквите пракси може да се влошат во време на економски тешкотии”. Врз основа на овие согледувања Комитетот и советуваше а и препорачуваше на Македонија експлицитно да ги криминализира раните и присилни бракови и судски да ги гони оние кои се одговорни за тие дела. Потоа, да ја спроведува постојната законска регулатива и да осигури дека браковите на деца помлади од 18 години се дозволени единствено во исклучителни случаи со судска одлука и единствено кога тоа е во најдобар интерес на детето и да спроведе истражувања за да се процени бројот на деца кои се засегнати од рани и присилни бракови, вклучително и традиционалните бракови што не се регистрирани кај надлежните власти, за да се развијат посебни мерки за намалување и искоренување на оваа пракса.

 

Бракови под принуда

Од 14 илјади бракови, колку што годишно се склучуваат во Македонија, 13% се помеѓу лица под 18 години и тоа во најголем дел склучени со малолетни девојки од ромската заедница“.

Малолетнички брак

Во изминативе години има промена по однос на ова прашање, што се должи на поголемата процентуална образованост на децата Роми, но сепак недоволно за да се каже дека Македонија е на добар пат да го реши овој проблем.

На проблемот од  над 2.000 Роми „фантоми“ во Македонија, со непознат стадиум на образование  постојано насочува и Првата Детска Амбасада „Меѓаши“. Тука е и основата за масовноста на малолетничките бракови. Очекуваме во следниот период да се најдат и законски, но и акциски решенија за оваа категорија на малолетници кои се принудени да влезат во брак да биде санкционирана и да се почитува правото на децата да пораснат-посочуваат од Меѓаши.

Што велат надлежните, одговорните и оние кои се избрани од народот да се грижат за граѓаните се надеваме дека ќе имаме можност во следна прилика да добиеме одговори.

www.kulturno.mk