Сцена од филмот Lord of the Rings

Lord of the Rings-нова книга

Ново продолжение

Доколку сте љубител на книгите од серијаталот The Lord of the Rings тогаш годинава ќе бидете особено израдувани. Книгата The Fall of Gondolin, која ја има едитирано синот на J.R.R. Tolkien, Кристофер Толкин, светлото на денот ќе го види кон крајот на годинава. Во фокусот на The Fall of Gondolin ќе биде помалку познатото поглавје, односно приказната која Толкин ја напиша во болница. Станува збор за падот на Гондолин, големиот град на Средната земја и неговите жители. Оваа книга ќе биде заклучок на трилогијата базирана на приказните од The Silmarilliona, а кои ги вклучуваат The Children of Hurin и The Tale of Beren and Luthien. Книгата ќе биде пропратена со цртежи на Алан Ли, добитник на Оскар за филмот Враќање на кралот на Питер Џексон.

„ Тоа е приказна за потрагата по случаен херој кој станува вистински херој – тоа е основа за се што подоцна Толкин има напишано“, го опиша новото дело Џон Гарт, автор на делото Толкин и Големата војна.