Селско месо со печурки

петок,13 април 2018

СЕЛСКО МЕСО

За овој викенд Ви препорачуваме едноставен и вкусен ручек

Селско месо во земјена тава

Селското месо во земјена тава, секогаш е предизвик за сите љубители на готвењето

Потребно е да купите:

1кг свинско месо

250 гр печурки

1кг кромид

две црвени пиперки

100 гр. пармезан

1 коцка супа

масло, сол, зачин и магдонос по желба

Подготовка

Во една поголема тава се пржи исецкан кромид со малку масло и кога ќе зарумени малку се додава месото, исецкано на ситни коцки и се пржат додека не омекне.

Во еден сад се става вода да зоврие и се става коцка супа која треба да се растопи.

Додека месотот се пржи можете да го подготвите сосот, така ќе добиете во потребното време за подготовка на ручекот

Исчистениот кромид се сецка и се пржи во малку зејтин .Се додаваат исецканите печурки. После тоа се додаваат две лажици брашно се промешуваат и се додава доматино пире и по желба малку вино . На сето тоа ставете зачини по ваш вкус

Во сето тоа додајте ја супата и мешајте додека не се соедини.

Сето заедно, прво месото ќе го ставите во земјена тава , одозгора ќе го полиете целиот сос, ќе ставите двете ситно исецкани пиперки и сето се пече на 220 степени околу еден час.

Пред да го послужите изрендајте кашкавал или ставете пармезан.

Пријатен неделен ручек.