Излезе од печат Светската поетска антологија “Слушни ја оваа река”

Кон крајот на 2017 година во Колумбија излезе од печат светската поетска антологија “Слушни ја оваа река”. Антологијата вклучува 126 автори од 58 земји. Вклучени се автори од држави од пет континенти: од Европа (Франција, Англија, Шпанија, Австрија, Италија, Холандија, Чешка, Словачка, Романија, Бугарија, Македонија и др.), Од Јужна Америка (Аргентина, Колумбија, Еквадор и др.), но исто така и од Канада, Африка, Австралија.

Митко Гогов

Македонскиот поет од Струмица Митко Гогов, кој е претстедател на здржението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“, организатор на меѓународниот фестивал „100 Илјади поети за промена“, основач на Интернационалната награда „Антево слово“ и амбасадор за Македонија на Светската унија на поети и Ужуписката Република во Литванија, која претставува автономна зона за промовирање на културата е единствениот претставник од Македонија вклучен во оваа Антологија .
Од предговорот на Антологијата, напишан од поетите-уредувачи Роберт Макс Стинкис и Естебан Чарпентие, станува јасно дека таа е замислена како своевидно продолжение на проектот на Асоцијацијата за заштита на природната средина и заштитените видови “Хозе Макс Леон” во Колумбија, чиј прв резултат е публикацијата на “Антологија на пеперутката” пред само една година, зборник на поезија на словенски и латиноамерикански автори.
Други партнери на антологијата “Слушни ја оваа река” се Фондацијата за помагање на социјално загрозените деца и нивните семејства “Пибес” од Аргентина и претстедателот Естебан Чарпентие; колумбиската компанија за млечни производи “Алпина” и Институтот за истражување на биолошката средина “Александар фон Хумболт”.
Во предговорот на антологијата, колумбискиот поет Роберт Макс Стинкис ја дефинира реката како “неуморна природа” и “изненадувачка сила” и се сеќава за Братиславскиот музеј “Данубиана” на реката Дунав. Аргентинскиот поет Естебан Чарпентие за возврат ја определува за почетна точка на оваа антологија реката В’лтава во Прага, каде се раѓа идејата и за самата антологија.