Музеј на современа уметност

18 април, 2018

Во Музејот на современа уметнсот во Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена Меѓународна изложба на уметници од регионот .

Плакат на изложбата

Делата на изложбата сите заедно се во рамки на концептот во кој уметноста ги презентира несигурноста, ранливоста, егзистенцијалните проблеми меѓу различни социјални групи на овие простори. Ова е уште еден доказ дека културата и уметноста секогаш се дел од амбиентот во кој се создаваат. Тие се нејзин одраз и не може да се избега од тие рамки кои се наметнуваат во општественото и социјално живеење.

На изложбата с епреставуваат уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Хрватска, Словенија, Турција и Албанија.