Паскал Гилевски

Паскал Гилевски  новоto книжевно дело насловено „Во потрага по зaгубениот син“  деновиве го предаде на читателската публика.

„Во потрага по загубениот син “

Авторот со делото нуди уште едно потсетување на голготата на илјадници прогонети Македонци од Егејска Македонија, кои својата судбина на прогонетост ја живеат децении после тоа. Паскал Гилевски ја раскажува приказната на едно такво семејство кое со децении трага по изгубениот син, за кој после долго време дознава дека е жив.

Немоќта да ги надоместат изгубените години, соочени со болести, изнемоштености , сето тоа дава драматуршка боја на ова дело, кое е дел од опусот на овој плоден македонски автор на романи, раскази и антологии.

Ова е неговиот деветти објавен роман со кој уште еднаш потсетува на историски период, кој учесниците со генерации го влечат во себе.