Преземено од https://babyshop.mk/

Интервју со Ана Петреска, логопед – дефектолог во здружението „Интеракција – плус“ каде што е и негов основач.

 

 

  1. Од каде инспирација токму за оваа работа? Што е она што ве привлече ја изберете оваа професија?

Најнапред сакам да ви се заблагодарам за вашата иницијатива да се направи интервју на една прекрасна и едукативна тема. Секогаш сум имала интерес кон медицината и медицинските науки па и оттаму произлезе желбата и поривот да се бавам со логопедија. Особено за мене логопедијата била и е предизвик за докажување и изучување поради тоа што главната целна група со која што се работи се децата на кои што треба да им се помогне уште во најраниот период од животот.

2.Како детето да развие правилен говор?

Ова е интересно прашање кое што си го поставуваат и младите родители односно „Што е она што треба да го направам за моето дете да развие правилен и јасен говор?“ Говорно – јазичната стимулација започнува уште во првите месеци кај детето односно со примањето на првите звучни и акустични дразби од страна на околината и исто така и стимулирање на живиот говор преку зборување на детето првенствено од страна на мајката како и останатите членови од семејството. Исто така за да се поткрепе говорно – јазичниот развој кај детето можат да се користат најразлични едукативни изданија како што се сликовници за бебиња и други изданија некаде во периодот на првата година од животот.

AnaPetreska

3.Кога и како родителите да знаат дека е време за логопедски преглед?

Во вашето прашање наведувате кои се првите знаци на можеби задоцнет говорно јазичен развој и ваквото однесување „неразбирање“ од страна на детето, ги става родителите во честата дилема дали е, или пак не е време за посета на логопед. Но, би сакала да укажам дека секогаш кога родителот ќе забележи од негов агол гледано било какво отстапување во говорно – јазичниот развој на детето треба да се упати на консултативен преглед кај логопед за да се појаснат некои специфичности во говорно – јазичниот развој кај детето или пак да се започне со третман доколку е тоа потребно.

4. Што се може да биде причина за настанување проблем во говорно-јазичниот развој кај децата?

Причините за настанување на одредени отстапувања во говорно – јазичниот развој кај детето можат да бидат многубројни и од различна природа т.е.

– органски (проблеми кои настануваат при самото раѓање или во текот на бременоста или пак после раѓањето како што се: предвремени породувања, породилни трауми, интракранијлни крварења на черепот, повреди на Централниот нервен систем, прележани болести во раната детска возраст или пак

– функционални (расцеп на горната и долната уста, расцеп на горното и долното непце, отворен и вкрстен загриз, неправилен преклоп на забите, билингвалност во семејството и други..)

– средински (стимулација – влијание од страна на т.н. лош говорен модел – зборување од страна на лице кое што има одреден говорно – јазичен проблем или зборување на одредени дијалкети).

5. Каков совет би им дале на родителите, како треба да се однесуваат према своите деца?

Она што можам да го споделам како совет и поука за тоа како најдобро и најлесно би се поттикнувал говорно – јазичниот развој кај детето, секогаш во комуникацијата со децата да се користи непосреден говор преку најразлични детски игри (конверзации, раскажување на приказни, учење на детски песнички, читање на едукативни детски книги, детски енциклопедии и слично). Треба да се знае дека говорно – јазичната стимулација од страна на родителите и околината треба да биде на мајчиниот јазик, а од друга страна да се избегнува слушањето или пак зборување на странски јазик.

6. Во кои периоди во развојот на детето треба најмногу да се обрне внимание и што е она што треба како родители да го знаеме ?

Говорно – јазичниот развој, може да се подели во три етапи, односно од 1–3 период на почетно прозборување, од 3–6 години – период на оформување на реченичниот фонд и правилен изговор на гласовите и од 6–10 години – период на учење на читање, пишување, сметање итн. Инаку, првото прозборување кај детето треба да се случи во периодот помеѓу 20 и 24 месец во варијабилни граници, односно веќе на 24 месеци детето треба да поврзува една двосложна фраза, т.е два збора со значење. „Ајде дома“, „Дојди ваму“, „Сакам вода“, а веќе во периодот на третата година, можеме да очекуваме еден зборовен фонд од 50 тина зборви со значење (именување на предмети од околината).

logoped, dete, govorenrazvoj

7. Дали логопедскиот преглед е задолжителн или не, и кога треба истиот да се направи?

Со ова прашање се отвара една широка тема во однос на тоа кога треба, дали треба, или пак не треба воопшто да се посети логопед. Во однос на тоа кога е вистинското време да се посети логопед, родителите треба секогаш да се водат од две компоненти, а тоа се: возраста на детето и говорот на детето. Имено, ако вашето дете има веќе три години, а сеуште нема зборовен фонд кој што му е потребен за неговата секојдневна комуникација, па наместо со говор, употребува гест, тоа е првиот знак дека треба да се посети логопед. Исто така ако вашето дете е на возраст помеѓу 4 и 5 години, а забележувате дека постои прилично неправилен и нејасен изговор на одредени гласови, при што говорот е неправилен и нејасен, тоа исто така укажува дека треба да се посети логопед и да се спроведат корективни третмани за правилен изговор на гласовите.

8. Како се одвива еден логопедски преглед?

Логопедскиот преглед е во основа интерактивен, на база на разговор, каде што на индиректен и интересен начин дознаваме што е она што треба да се работи со детето (изговорот на гласовите се испитува преку логопедски карти, реченичниот фонд, преку раскажување по слика, грубата и фината моторика, преку моторички дефектолошки вежби за концентрација и внимание, со дидактички материјали и слично.)

9. Кога се случуваат најголемите отстапувања кај децата во говорно-јазичниот развој?

Отстапувањата во говорот кај детето најмногу се забележуваат помеѓу третата и петтата година како што се неправилен изговор на одредени гласови или отстапувања во реченичната структура кај детето.

10. Какви третмани се применуваат при одредена дијагноза?

Одредувањето на логопедската дијагноза и воедно протоколот за третман се врши по изготвена индивидуална програма специфична за секое дете. Секако дека кај оние деца кои што имаат дополнителни потешкотии во развојот, тогаш е потребна проценка од страна на дефектолог, психолог, сензорен терапевт, педијатар, детски невролог и други.

 11. Како може да закажат преглед родителите за своите деца?

Сите заинтересирани слободно нека се јават на следните броеви:071 973-362 и 078 245-484 секој работен ден од 13:00-20:00 h