Во Кинотека на Македонија по седми пат ќе се организира Фестивалот за слика и филм за деца и млади. Ќе се одржи од 23 до 28 април. Ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади, меѓу кои пет актуелни и возбудливи.

Сите ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик. Фестивалот ќе се реализира во соработка со Гете-институт од Скопје.