Танц

Светскиот ден на танцот ќе биде одбележан на 29-ти април 

По повод светскиот ден на танцот кој секоја година се одбележува на 29 април, ќе се одржат неколку културни настани. Еден од нив, ќе се одржи на малата сцена во Македонската Опера и Балет со настан  поделен во два дела. Во првиот дел, неколку перформанси ќе изведат ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а во вториот дел ќе биде изведена Балетската претстава „ ЛА ЛА ЛА“, со балетски солисти и хорот при македонската опера и балет.

Денот на Танцот ќе се одбележи  и во Македонската филхармонија, со прикажување на современи танцови тенденции во фоајето и камерната сала под водтсво на Искра Шукарова, кореограф и професор на нашиот Факултет за музички уметност и Урсула Еагли од Соединетите Американски Држави.Под менторство на двете балетски професорки и педагози ќе биде прикажан целокупниот танцов процес преку авторското дело на Шукарова „ Чудна шума“ .

Како дел од овој современ танцов настан ќе учестува и Џијан Емин задолжен за музичкиот концепт, кој веќе има соработувано со Шукарова и Еагли во Њујорк во 2007 година. Настанот воедно ќе ја промовира работата на катедрата за балетска педагогија која е формирана во 2010 година при ФМУ.

Дента на одбележување на  меѓународниот ден на танцот, ќе бидат споделени пораки од македонски автор и и од петмина странски автори, проследени од страна на македонскиот интернационален Театарски Институт, кој оваа година слави 70 години од формирањето.

Пораките ќе ги прочитаат лица од Центарот за лица со даунов синдром во Македонија.