„Пинокио и вештерката “

Вчера, од печат излезе нова книга на авторката и новинар Наташа Димитриевска. По нејзините две книги „Ласа“ и „Девојко мала “, на читателската публика и го дава новиот наслов “Пинокио и вештерката“.

„Има една куќа што не е од бајките, туку бајките се во неа“ – ќе прочитате на задната корица на книгата, која ја обработува вековната борба меѓу злото и доброто, моралните норми, вербата и искреноста наспроти лагата, интригантсвото и измамата. Главни јунаци во романот се Пинокио, кој е позајмен од истоимената приказна за деца и Вештерката која е присутна во речиси сите популарни приказни со кои што растат децата.

Книгата е во издание на „Или-Или“ и веќе деновиве може да се најде во нејзините книжарници.