Кај Неготино пронајдени се коски од праисториски слон

Ископаните парчиња личат на огромни коски и истражувачите сметаат дека тоа се коски од праисториски слон од пред осум милиони години.Kатници, вилица и екстремитети од праисториски слон кој живеел пред 8 милиони години се пронајдени кај неготинското село Долни Дисан. Според палеонтолозите на Природнонаучниот музеј, ова е прв случај во Европа и Азија да се откријат повеќе коски од ист род на едно место. Ова го прави наодот уникатен  во светски размери и ќе помогне да се открие изгледот и начинот на живот на предокот на денешните слонови.

На локалитетот Долни Дисан

Досегашните истражувања укажуваат дека праисторискиот слон живеел на простор кој наликувал на денешните африкански савани. Во откривањето на фосилните остатоци учествуваат и палеонтолози од Природонаучниот музеј во Бугарија.

Пронајдените фосилни остатоци до крајот на неделава ќе бидат транспортирани во Природонаучниот музеј каде повторно ќе се состават сите делови а јавноста ќе може да ги види на крајот од годинава.

Пронајдените остатоци и ова откритие ја сместува Македонија на Европската палеонтолошка мапа.