Mилиони луѓе ширум светот страдаат од потешкотии предизвикани од алергиите

Дрвјата, тревата и плевелите,се најчести предизвикувачи на алергии кога сте надвор, а околу 30 проценти од населението во светот страда од нивните последици. Најголем “виновник ” за таквите состојби е пролетта која заради потоплите температури создава ослободување на алергени.

Алергијата, многумина па и лекарите  велат дека не може целосно да се излечи а може да се појави и во подоцнежни години. Има случаеви кога е појавена од детството без најава да исчезне. Сите се согласуваат дека најважен е имунитетот кој е основниот фактор организмот да се бори со алергиите напролет.

Експертите посочуваат дека постојат совети на кои треба да се придржуваат сите што се соочуваат со проблемот на алергиите, заради ублажување на овие симптоми.

 

1.Задолжително туширање навечер

Експертите велат дека туширањето во вечерните часови може да го направи спиењето многу попријатно за луѓето со алергии. Миењето на полен од кожата и косата ги задржува алергените подалеку од постелнината и перницата.

2.Ако не мора не излегувајте рано наутро од дома

 Во утринските часови, меѓу 5 и 10 часот концентрацијата на полен во воздухот е највисока, па лекарите советуваат, ако е можно, да избегнувате излегување во тој период. Најдобро е да се излезе по силен дожд, бидејќи го отстранува поленот од воздухот. Луѓето кои страдаат од алергии имаат најмногу проблеми кога е суво, топло и ветровито.

 

3.Избегнувајте некои врсти на храна

Ова особено се однесува на суровата храна и свежо овошје, бидејќи на некои луѓе од тоа ги чеша устата.

4.Облекувајте се соодветно

Носете голема шапка и очила за сонце за да можете да ги чувате очите од поленот. Некои луѓе, исто така треба да носат маски ако излегуваат надвор.

5. Убаво прочистете го воздухот во собата

Затворете ги вратите и прозорците во домот или прозорците на автомобилот кога има висока концентрација на полен. Вклучете климатизер во автомобилот, а во домот користете прочистувач за воздух и често смукајте.

Овие совети ќе ви помогната полесно да ги поминете пролетните месеци .