За некого Македонија е “ветената земја”, за некого најголемиот пекол .

Не е убава ваквата описна слика за животот во нашава држава, особено кога сме во време, век и повеќе откако работниците – народот се крена и се избори за своите права. Нашата ситуација во државава е стоилјадници невработени, масовно заминување на младите од државата, тежок живот кој за стоилјадници се сведува на чисто преживување и неможност да се покријат основните потреби. На сето тоа веќе една деценија на грбот на осиромашените и обесправебните се приватните извршители кои со амин на Власта го осиромашуваат и уништуваат народот. А тој народот, работникот, човекот треба да живее. Ама како е постoјаното прашање на многумина.

Затоа, денеска 1 мај, на денот на одбележување на победата на борбата за еднакви работнички права Политичката партија „Левица“ организира Првомајски протест кој ќе започне во 11:00 часот,  пред собирно место Југодрво(кај споменикот на УРС-овите синдикати). Време е да го подигнеме гласот за сопствените права/велат од Организацијата .

Тие ќе го дадат Прогласот во име на работници, невработени, хонорарци, стечајци, студенти и осиромашени, во  услови на речиси непостојна одбрана на работникот од притисокот на капиталот и државната бирократија, унапредувањето на трудовите права е заборавена тема. Затоа, мораме да се настапи офанзивно во протестот против социјално-економскиот гнет што го трпат работниците и не само да се побара почитување на стекнатите права туку и да посегне косвојување нови, понапредни.

Во исто време од пред МРТ и Основните судови во Скопје ќе започне и Протест на  Граѓанската иницијатива СТОП ЗА ПРИВАТНИТЕ ИЗВРШИТЕЛИ. Заедно против злото на народот и трајното осиромашување и разнебитување на најнезаштитените.
Ана Глигорова организатор на Акцијата на сите обесправени и осиромашени граѓани од страна на извршителите и сите институции, кои се во спрега со нив а против граѓанинот за денешниот протест вели : “Секој од нас што ќе се појави на протестот е организатор и ќе го дигне својот глас против оваа неправда. Без разлика на опструкциите, на заплашувањата треба да излеземе сите и да кажеме дека не можат веќе вака да го уништуваат народот. Присилните нереални наплати, често поголеми и по десет и повеќе пати од основниот долг  се закана за животот на народот во Македонија”.
Крајната цел на овој Протест и залагањата на сите се да се укинат приватните извршители, кои се богатат на сметка на сиромашниот народ, привремен мораториум на сите извршувања, ревизија на досегашните Извршувања и враќање на Извршните одделенија во рамки на Судовите во Република Македонија .
1 мај, Ден на работниците, Ден на обесправените, Ден на осиромашените !