Подготвени за плажа

Топ  пет парчиња за вашиот летен одмор

Летото е време кога носиме многу малку облека посебно кога одиме на одмор, каде поголемиот дел од времето го поминуваме на плажа уживајки во сонцето, водата, брановите, песокот, разладувачки пијалоци, сладолед, свежо овошје….. аххх рај 🙂

Иако летото ни изгледа далечно, температурите се како измислени за на плажа а пролетните викенди и патувања се во полн ек.

Овие парчиња задолжително спакувајте ги во вашата патна торба кога се подготвувате за на одмор.

  1. Костим за капење.

Нека биде едноделен со интересен крој еднобоен или шарен изборот е ваш.

 

 

  1. Макси фустан

Долг фустан од лесен памучен матријал ке ви го гали телото во топлите летни денови, одличен за на плажа особено ако забавата продолжи и во ноќните часови, музика, пријатели, а вие стилски облечени и супер расположени.

  1. Прекривка за плажа

Веке неколку сезони најинтересен додаток за плажа се кружните прекривки кои ги има во најразлични бои, матријали и дизајни. Купете некоја или направете ја сами и уживајте во летниот одмор излежувајки се на мекиот песок додека ве галат сончевите зраци и летното ветре, а брановите се како музика за вашите уши.

Вашето катче на плажа
  1. Торба за на плажа

Најважниот моден додаток за на плажа секако е торбата која треба да биде заштита и да ги собере сите тракатанци кои ги носиме со нас. Пешкири, прекриви, очила за сонце, очила за нуркање, гуми за лежење, душеци, креми, вода, храна…. и тоа нема крај. Затоа одберете практична торба која има заштита од вода и песок со скришно џебче за најбитните работи, и секако доволно голема за да ги собере сите елементи кои ви се потребни за убаво поминат ден на плажа.

 

  1. Средство за сончање

Најбитното кога одите на одмор е квалитетно средство за сончање. Од година во година зрачењето и силата на сонцето стануваат се поголеми и поштетни за кожата па затоа кога се подготвувате за на одмор потрудете се да одберете средство за сончање кое ќе ви обезбеди соодветна заштита од сончевите зраци.  Ако имате осетлива кожа консултирајте се со дерматолог кој ке ви помогне во изборот и ке ве советува кое средство е најдобро за вас и секако избегнувајте да се изложувате на сонце во периодот кога тоа е најсилно.