На 4 мај (петок ) на Школка во Градски парк во Скопје, ќе се одржи првиот Скопски спортски фестивал. Фестивалот е во организација на Reel Rock Macedonia и ТАКТ.

Фестивалот ќе понуди спортско-рекреативни активности за целото семејство, со посебно предвидени зони во кои децата ќе имаат прилика да учествуваат во забавни полигони и традиционални игри. За тоа време возрасните ќе можат да се информираат за сите спортски можности и случувања од Скопје и пошироко.

После овој дел, програмата ќе продолжи со проекција на возбудливите качувачки документарни филмови REEL ROCK 12.

Фестивалот ќе биде отворен во 17 часот и сите активности ќе траат до 21 чаост. Сите учесници ќе терба да се регистрираат и ќе учествуваат на забавните спортски содржини што ги подготви организаторот. Доколку сте љубители на спортот, забавата, филмот и дружењето еве убава можност да го добиете се на едно место.

 

Фестивалот е од отворен карактер, а учеството е бесплатно. За учесниците се предвидени награди и изненадувања.