Изложба на слики, цртежи и графики на Јоже Циуха од колекцијата на „Остен“

 

Како резултат на соработката на Остен и Делегацијата на Европската унија во рамки на програмата за Денот на Европа 9 Мај , вечерва во галеријата „Остен“ ќе биде отворена изложбата „Јоже Циуха – слики, цртежи, графики – од колекцијата на Остен Музејот на цртеж”,

Оваа година кон проектот се вклучува и Словенечката амбасада, така што изложбата  ќе ја отворат евроамбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорот на Словенија во Македонија Милан Јазбец.

Галеријата „Остен“ соопшти дека изложбата е само прв дел од проектот кој во целост ќе се реализира во текот на 2018. Покрај изложбата,  проектот ќе опфати уште два настана во октомври – промоција на публикација за творештвото на Циуха во рамки на Остен Биенале на цртеж Скопје 2018 и предавање на кураторките од Љубљана „Современата словенечка уметничка сцена со осврт на значењето на делото на Јоже Циуха”.

Галерија „Остен “ , 8 мај, 20 и 20 часот !