Од 11 до 15 мај ќе го слави дваесетото јубилејно издание на Фестивалот за Монодрама во Битола .

Селекторот Мирчевски изјави дека за петте фестивалски денови ќе бидат изведени осум монодрами во конкуренција и тоа од Босна, Азербејџан, САД, Полска, Русија, Бугарија, Хрватска и Македонија.

„Тешко е со малку средства да се направи еден фестивал. Некои монодрами доаѓаат по наша покана, некои аплицираат сами. Трети пак по допрен глас, оти финансиите се толку мали што јас, за жал, не можам ни да патувам некаде, ни да гледам претстави. Можам во Македонија да гледам претстави, надвор од неа, не. Финансиите не ни дозволуваат да го спроведиме она што го замислуваме. Не можам да создавам еден концепт на фестивал и да создавам врзно ткиво, ако сум финансиски ограничен“, рече селекторот  на Фестивалот Петар Мирчевски на одржаната Прес конференција.

Утревечер 11 мај, во 20 часот е свеченото отворање во Центарот за култура во Битола со претставата „Фигурае венерис хисториае“, по најновиот текст од Горан Стефановски, во изведба на Народниот театар од Прилеп, а во режија на Наташа Поплавска. Истиот ден ќе има и изложба на фотографот Петар Ставрев со фотогафии од монодрамите во изминатите две децении. На затворањето гостува познатиот хрватски актер Тариќ Филиповиќ со монодрамата „Ќиро Блажевиќ“.

На програмата за жал е само една македонска монодрама, „Јас, Селма“, приватен проект на авторот и режисер Милош Андоновски и актерката Симона Спировска-велат од организацијата на оваа Фестивалска манифестација .