Промоција на романот за деца „ Не паркирај гаража“ од Трајче Кацаров

Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ во Куманово, во 12 часот ќе се одржи промоција на романот за деца „ Не паркирај гаража“ од авторот Трајче Кацаров.

„Не паркирај гаража“ е најнов роман за деца на Кацаров. Содржината на романот почива на вечното недоразбирање помеѓу возрасните и децата. Тоа е мотив што ги окупирал, ги окупира и ќе ги окупира многуте светски автори.

Во спорот со возрасните,  децата користат свои средства (пркос, плач, лутење) додека пак возрасните спорот сакаат да го решат со поуки, казни и слично на нив. Во романот на Кацаров тоа експлицитно е покажано преку ликовите: детето лутаџија Туфе Џинката и неговите родители, таткото Стојан Бабура и мајката Елена Чушка Везена.

Присуството на Трајче Кацаров на македонската книжевна сцена го оправдуваат четириесетина книги ( поезија, романи, пиеси, есеи, пиеси, раскази и поезија за деца).

Промотори на книгата ќе бидат проф.др. Мито Спасовски и проф.др. Христо Петрески.