На 22 мај во 19 часот во Изложбениот простор на Културно-информативниот центар во Скопје, ќе биде отворена изложба на Боро Рудиќ .

Изложбата ќе содржи  околу 50-тина фотографии. Ова е негова прва изложба во Македонија на некој начин и во Западен Балкан. Изложбата беше прв пат поставена минатата година во Чачак во рамки на денови на Српската фотографија.

Идејата на оваа изложба на уметникот е преку своите фотографии да покаже дека напуштањето или Излезот од нешто е почеток на нешто ново што ни е попотребно.

Во рамки на отварањето ќе се одржи и промоција на неговата книга фотографии под ист наслов.