По повод Меѓународниот ден на музеите – 18-ти мај, влезот во Музејот на Македонија во петок ќе биде бесплатен, а на посетителите ќе им биде подарена по една публикација.

По истиот повод, заедно со илјадници музејски институции низ целиот свет, Музејот на Македонија и годинава ќе земе учество манифестација „Ноќ на музеите“. Овој значаен настан посветен на движното културно наследство ќе се одржи на 19 мај 2018 година. Во таа пригода, во 21:00 часот ќе биде одржан концерт на групата Next
to Silence. Музејот ќе биде отворен во ноќните часови, од 19:00 до 1:00 ч. по полноќ.

Влезот ќе биде бесплатен, а посетителите ќе имаат можност, покрај постојаните музејски поставки, да ја погледнат и изложбата на ликовни дела на Васко Ристовски „Македонска наивна уметност“.