46. Мајски оперски вечери, утревечер 15 мај, продолжуваат  со Гала балетскиот спектакл „Балетски бисери“ и изложбата „Почетоци 1948 – 1980“ во пресрет на 70 годишнината од основањето на националниот балет.

Од 1948-мата година od кога на 1 јули е основана оваа Балетска државна институција, континуирано работи создавајќи неброени балетски претстави и создавајќи врвни балетски уметници. Утревечер со Ансамблот на македонскиот балет под диригенство на Дијан Чобанов диригент гостин од Бугарија, во режија на Тома Прошев и репетиција на  Тања Вујисиќ Тодоровска, Горан Божинов, Васил Чичијашвили (Грузија), Лора Тарчуговска, Бахрам Јулдашев (Русија), Саша Евтимова, љубителите на Балетската уметност ќе имаат можност да уживаат во балетските бисери на годинешниве Мајски оперски вечери.

Изложбата “Почетоци 1948 – 1980” е посветена на првите генерации балетски уметници од кои понатаму ќе се трасира патот, иднината на македонскиот балет каков што денес го познаваме и доживуваме.

 

Ова е само мал вовед во големиот јубилеј кој македонскиот балет заедно со својата публика ќе има чест и задоволство да го прослави во претстојната сезона 2018/2019.