Протест на црните глумици заради расизмот во францускиот филм
Затоа што им се смачило да ги прашуваат дали знаат да зборуваат африкански и изјавуваат дека не можат да играат одредени улоги поради бојата на кожата, група од 16 водечки француски актерки, црни и мешани, одржаа протест против расизмот на филмскиот фестивал во Кан. Демонстрациите се одржаа по неколку дена од демонстрациите на актерките од целиот свет, каде бараат еднакви хонорари и еднаква застапеност со мажите во оваа индустрија.
Двете групи сакаат да го искористат мигот на интроспекција во индустријата на филмот, по скандалот со Харви Вјастин и разоткриваат и други моќни луѓе кои сексуално ги експолатираат жените.
– На акција ме поттикна духот на времето вели, ѕвездата на “Бамако “, која беше во протестната група. Таа истое незадоволна од присуството на црните глумци на француските филмски платна и телевизиски екрани. Шеснаесет глумици на почетокот на месецот издале и книга со провокативен наслов “Тоа што сум црна не е моја професија”(Noire n’est pas mon metier). Во неа се раскажани разни ситуации во кои се соочувале со расизмот.
Сите се согласни во своите барања и залагања, а протестот е доказ дека годинешниот Кан по првичните сензационални објави не помина без пикантерии.
На црвениот тепих им се прикучила и Хаџа Нин, а сите носеле свечени фустани дизјанирани од Оливијера Русте, мелез кој работи за модната куќа “Балмен”.