По настапот на Фестивалот во Зеница – Босна, театарската претстава “Ничија земја” од Македонскиот народен театар на фестивал во Благоевград- Бугарија.

На  фестивалот „Тара-ра-бумбиа”, Македонскиот народен театар ќе настапи на 19 мај. Оваа година фокусот на фестивалот е ставен на младите автори и експерименталната младинска програма со мудри естетски изрази.

Покрај младинската програма, на фестивалот ќе бидат прикажани претстави со класични и современи текстови. „Тара-ра-бумбиа“ е единствениот од ваков вид театарски фестивали во Бугарија, чија мисија е да им помогне и да им даде можност за докажување на младита театарски уметници да ја покажат храброста и да експериментираат на независната сцена. Неговиот тим се стреми да ги покаже најдобрите режисерски имиња.

Следното гостување на МНТ со „Ничија земја“ е на 8 јуни во Прилеп, на отварањето на 53-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.