Во недeла 20 мај, од 20 часот во Македонската опера и балет во рамки на годинешнава манифестација Мајски оперски вечери, ќе биде промовирана  монографијата на Зина Креља – сопран и првенка на  тогашниот МНТ, сегашна Македонска опера и балет.
Автори на овој значаен труд за нашата музичка историја се м-р Снежана Анастасова – Чадиковска и д-р Александар Трајковски. Рецензенти на ова дело се проф. Фимчо Муратовскии проф. м-р Весна Гиновска – Илкова.
По промоцијата на ова монументално дело, ќе се одржи концерт на кој ќе настапат нашите првенци.