За овој викенд www.kulturno.mk Ви препорачува македонска кујна во облик на пастрмајлии. Ако не можете да појдете во Штип, Велес или на некое друго место каде ќе ги јадете изворно, потрудете се да ги направите дома. Одвојте два часа за време на викендот, купете малку намирници кои се потребни и подгответе ги за вашите домашни.

 Потребни состојки за пет лица:

  • 1 кг брашно тип 400
  • 1.5 кг свинско месо исецкано на ситни коцки
  • 5/6 јајца
  • 1/2 маргарин/маслац
  • 1 кафена шоља масло
  • сол (по потреба) 
  • бибер
  • млака вода по потреба

1.Месото да се посоли, да се стави малку зејтин, бибер и да се измеша. Да се остави да отстои во фрижидер околу еден час.

2. Да се замеси меко тесто од брашното со сол, малку масло и млака вода. Тестото да отстои 30-тина минути, потоа да се размеси и да се подели на делови, зависно од големината на тепсијата.

3. Да се обликува како венец по краиштата и да се стави маргарин наоколу. Да се стави месото густо и да се остави да стаса и потоа да се стави на печење.

 4. Да се пече во рерна на 200 степени додека не зарумени. Може по желба да му се стави матено јајце .