Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хамеус“, денеска , организира едукативна тура низ палатите на старо Скопје. Таа се организира во рамките на Меѓународниот ден на музеите. Целта на  турата која ќе биде  низ центарот на Скопје, е промоција и популаризација на богатото архитектонско наследство кое несомнено оставило трага во архитектурата и уметноста на главниот град.

Во рамките на оваа прошетка е вклучен едукативен дел за таканаречените палати на старо Скопје, кои се наоѓаат во самиот центар на градот и во нивната архитектура може да се забележат влијанијата на многу европски стилови, како што се експресионизмот, арт нуво, академизмот, традицијата и модерниот стил, а честопати се надополнети со елементи на византиска традиција, класика, ренесанса и барок.

 

 

 

 

 

 

.