Изложба „Светите браќа Кирил и Методиј“ во НУ Музеј на македонската борба

 

Вечерва во 19.00 часот, во НУ Музеј на македонската борба ќе биде отворена изложбата Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители. Изложбата е во организација на Музејот на македонската борба и на Здружението за Македонско-чешко друштво Карел IV, а содржи филателистички материјал од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ.

Во рамки на изложбата ќе биде одржана и проекција на документарен филм за моравската мисија на Свети Кирил и Методиј.