Она што го јаде мајката, го јаде и бебето. Понекогаш некоја од сосјтојките кои ги внела мајката знаат да засметаат на бебето

Прехраната во текот на доењето треба да биде:

· Редовна (5 оброка дневно)

· Разноврска (не би смеела да игнорирате намирница)

· Урамнотежена и умерена (не би смееле да претерувате во количина со било кој намирница)

Храна која треба да ја избегнувате за време на доењето

· Чоколади

· Зачини како цимет, лути пиперки, лук

· Цитруси и сок од цитруси

· Јагоди

· Киви

· Ананас

· Зеленчук како: кромид, зелка, грав, брокула, краставица и пиперка.

Кафето и доењето

Во текот на доењето треба да се внимава со дневната доза на кофеин. Знаеме, доколку сте тазе мајка, уморни сте. Бебето во текот на ноќта се буди неколку пати и не можете добро да се наспиете а имате многу обврски кои можете да ги направите во текот на ноќта. Кофеинот влегува во составот на мајчиното млеко, а неговите преголеми дози влијаат на бебешкото расположение, па бебето може да стане немирно и да не може да заспие. Во тој момент, вашата дополнителна шолја на кафе нема да ви помогне, туку напротив ќе ви одмогне. Не заборавајте, кофеинот го има и во чајот и во популарните газирани напитоци.

Алкохолот и пивото

Пивото влијае на производството на млеко, со тоа и млекото ќе биде “јако”. Една од честите заблуди за производство на мајчиното млеко е поврзано со пивото. Сепак, иако сакате пиво, немојте да се придружувате до овој застарен совет. Пивото не влијае врз зголемување на производството на млеко, туку го намалува, бидејќи содржи алкохол. Во текот на доењето, избегнувајте алкохол, но доколку сакате да се наградите со некоја часа тоа нека биде децилитар вино или пак мала чаша пиво. Жестоките пијалоци во потполност би требало да ги избегнувате.

Како да препознаете во текот на доењето дека на вашето бебе не му одговара некоја храна?

Доколку на малиот организам на бебето не му одговара нешто од вашата оклина, тоа и ќе го покаже. Најчесто тоа би било како пролазна нелагодност, но во некои случаи може да се јави и алергија. Симптоми на алергија во првите бебешки месеци се опстипација, дијареа, немир но и осип. Тоа може да биде причина и дека бебето било во контакт со козметика или пак храна која ја јаде. Храната во мајчинотот млеко влегува до 6 часа после оброкот, па ви откириваме што е она што сигурно ќе му смета на детето. Најчесто бебеињата лошо реагираат на:

· Млечни производи

· Соја и производи од соја

· Јајаца

· Орешести плодови

· Пченка

Пред да одлучите што да исфрлите од исхраната, а доите, посоветувајте се со нутриционист и лекар. Храната која сте ја исфрлиле, пробајте да ја замените со друга храна и слични прехрамбенин вредности.