По првите протести и тркалесна маса одржана во Скопје, Граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно родителство подржана од Првата Детска Амбасада „Меѓаши“ одржува низа трибини на оваа тема и иницијатива низ државава. Минатата недела беа во Охрид и Битола, вчера го посетија Велес додека денеска ќе одржат тркалезна маса и во Струмица.

Претходно за иницијативата !

По повод 25-ти април Светскиот ден на заедничко и одговорно родителство, на 25 и 26 април во  организација на Граѓанската иницијатива за воведување заедничко и одговорно родителство по развод и Првата детска амбасада ” Меѓаши”.

Поделено семејстви

На 25 -ти април во 17 и 30 пред Собрание на Република Македонија, ќе се одржи протест, на сите кои се борат овој проблем да добие нови законски рамки, за да може да биде во интерес на најлмадите-децата, кои се најчести жртви на родителите после разводот.

На 26 април 2017 г. во Младинскиот културен центар (МКЦ), со почеток во 10 часот, ќе се одржи и Тркалезна маса со цел да се разменат искуства и отворат прашањата поврзани со феноменот на отуѓување на децата од родителите, кое е една од најстрашните форми на злоупотреба на децата, а станува се поприсутна во Република Македонија.

Детето треба да одлучи?

Токму поради тоа, треба да се потенцира потребата од промена на постоечките закони и пракса, кои се во спротивност со интересите на децата. Во Република Македонија, не постои прецизна законска одредба според која родителите заеднички би го вршеле родителското право по разводот на бракот. Ваквата празнина создава бројни проблеми во остварувањето на родителските одговорности по разводот на бракот, што често завршува со отуѓување на детето од едниот родител и трајни последици по детето. Овој вид злоупотреба на децата не само што не се спречува, туку и се поттикнува од државата и време е тоа да се смени.