Од 31 мај до 10 јуни во Музеј на Град Скопје

208 карикатуристи од 50 земји, со 792 карикатури традиционално во организација на  „Остен“ , ќе бидат изложени на 50-тото издание на Светската галерија на карикатури.

“е бидат доделени и godi[nite награди за најдобрите карикатуристи кои официјално ќе бидат објавени на 31 мај во 20 часот во Музеј на Град Скопје, по што изложбата ќе остане до 10 јуни, достапна за јавноста.

Ердоган Басол од Истанбул е во двојна улога – како селектор и член на жири. Покрај Басол, во жирито влегуваат и Ен Телнес, САД – редакциски карикатурист во Вашингтон пост, Владимир Казаневски, Украина – карикатурист и предавач по теорија на карикатура, Мостафа Рамезани, Иран / Франција – карикатурист и графички дизајнер и Мице Јанкуловски, Македонија – уметник, карикатурист и претставник на ОСТЕН. 

Според стручното мислење на Ердоган, 140 карикатури кои ќе бидат претставени во каталог со репродукција, беа одбрани за понатамошна селекција.