Над 800 врвни уметници од 27 земји во светот ќе бидат вклучени во годинешната програма на најпрестижната културна манифестација во Македонија 58-мо издание на  “Охридско лето ” 2018.

Честа да ја отвори манифестацијата оваа година, ќе ја има романската оперска дива Елена Мошуц.

Фестивалот ќе биде традиционално отворен на 12 јули, на сцената на Античкиот театар, каде Мошуц заедно со романскиот тенор Калин Братески, и Македонската филхармонија под диригенство на Николае Молдовану ќе го означат новото издание на “Охридско лето “.

Информациите за Програмата беа соопштени на денешната Прес конференција на Дирекцијата на “Охридско лето ” .