Диета или режим на исхрана 

Иако диетата е еден од модерните форми на враќање на изгубената витка линија или нејзино одржување, праксата кажува дека килограмите изгубени со диета многу лесно се враќаат. Наспроти тоа, поефикасен начин е промена на режимот на исхрана и постојаната грижа за тоа колку и што внесуваме и како да ги согориме оние килограми што ни се повеќе .

Во трите топ начини како треба да почнете се: секојдневното броење на калориите, физичката активност и она за многумина најважно “земање слободен ден“,  кога ќе може да си дозволите во исхраната нешто од кое тешко ви паќа што мора да го исфрлите од секојдневната употреба.

Броење калории

Тоа е барем лесно бидејќи сите производи денес имаат декларација каде можеме да ја најдеме точната калориска вредност. Покрај тоа достапни се и голем број на мобилни апликации кои се користат за внесените калории.

„Слободен“ ден

Како што сите знаеме, потребно е да заборавиме на некои намирници за да успееме да ги загубиме килограмите. Меѓутоа, повеќето луѓе кои успеале да загубат голем број на килограми си дозволиле на себе си еднаш неделно да консумираат намирници кои се премногу калорични, за да ја задоволат потребата и да не поклекнат во предизвикот.

Секојдневни тренинзи

Најважната ставка дефинитивно е вежбањето, и тоа секојдневно. Не мора тоа секогаш да биде тренинг во теретана со цел сет вежби, некогаш само одработете вежби за една група на мускули, некогаш возете велосипед, трчајте, качете се на планина, качувајте се по скали, вежбајте полесни вежби во домот гледајќи некое видео. Исто така, и од вежбањето можете да земете еден „слободен“ ден во неделата.

Пролет е, почнете!