За филмот “Одред на отпишани”, Италијанецот Алесандро Бертолачи добитник е на Оскар за шминка и фризура за 2017-та година. Оскарот го доби со уште двајца членови на неговиот тим Георг Грегорије и Кристофер Ален. Како тим морале да работат со цела банда на негативци и да ги маскираат од глава до пети.

Оскарот стигнал изненада. Никој од Европа не сонува дека ќе добие Оскар, но ете чуда се случуваат. За еден Италијан поверојатно е дека ќе стане Папа отколку да добие Оскар, изјавил Бертолачи на доделувањето на Оскари . Нему му  требаше неколку пати да му го приочитаат името за да се увери дека него го повикуваат на сцената. За Оскарот вели дека кога би го добил по втор пат сигурно би го отстапил на некој друг.

Успехот на неговата работа, според неговите изјави се должи на непосредниот и пријателски однос со глумците, затоа што „само на тој начин ќе допрете до нивното тело и душа за да можете да го трансформирате во нов лик“-дополни на  доделувањето на Оскарот.

И како што прават големите и професионалните, Италијанскиот институт  за култура и проекти “Fare cinema”, оваа пролет испратил 100 најпознати и најуспесни филмски работници на Италија во целиот свет за да држат работилници. Бертолачи беше присутен во Белград каде одржа и работилница за студентите од Академијата дел Лусо.

Фото-Википедиа

Таквите како Бертолачи кои сами го трасираат патот кон усопехот и врвот , знаат колку е тоа тешко и колку труд е потребно. До врвот се доаѓа со талент, професионализам и многу работа.

Роден е во 1958 година во Верчело, а на 14 години се преселил во Реџо Емилијо, каде што почнал да работи во театарот. Заљубен во театарот работел од електричар, чистач, реставратор и секогаш уживал во магијата на истиот. Патот го трасирал кога станал асистент  сценограф, потоа работел со кукли, дизајнирање на ситници и така кон врвот.

 

После 15- тина години посветени на театарот, се почуствувал заситен од него и прешол во филмската индустрија. Неговото филмско деби е остварувањето на Џани Амали  “Effeti Speciali” (1978). Потоа работел со Торентино на „Малена“, Аргенто со „Фантом од операта“ и на Гареоновата “Гомора“, но брзо ги поминал границите на Италија.

ПРИВАТНА АРХИВА

Работел со германецот Том Тиквер на филмот „Рај“ со Кејт Бленчет, Американецот Дејвид Ер на филмот „Бес “ со Бред Пит, Мексиканецот Алехандро Инјариту на „Вавилон“ и се така до Оскаровецот  „Одред на отпишани“ повторно со Дејвид Ер. Тоа било уште еден доказ дека во Американската филмска индустрија, ако си добар секогаш ќе те викне повторно.

 

Фото-Приватна архива Марго Роби как Харли Квин