После вчерашната убава дружба и славење на поезијата за деца, со повод единствен Промоција на поетската книга “Заедно да растеме” од Филип Димкоски, сите присутни во Салон 19,19 заедно пораснавме барем една педа.

Авторот видно возбуден со гостите ученици од основните училишта Јохан Хајнирик Песталоци, Козман Јосифовски -Питу, Климент Охридски и .  Музичкото училиште Пијано форте , авторот на илустарциите Александра Ацеска и промоторите Татјана Гогоска и Горјан Петревски, имаа настан за паметење.

Книгата нека стане најдобриот другар на сите деца!

Photo by Славица Невчевска