Вкусна салата, која може да послужи и како цел оброк.

Начин на подготовка

Тиквичките ги сечиме на кругови, ги посолуваме и ги ставаме малку да се исцедат од водата. 
Ги премачкуваме со малку масло и ги редиме во плех врз харитја за печење.
Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути. 
Може по желба и да ги испржите, но тогаш не додавајте масло дополнително.
Печените тиквички, ги прелеваме со масло,оцет, ставаме сечкан лук,
па одозгора ставаме павлака, сирење и магдонос. 

Истиот рецепт можете да го збогатите
со сецкани маслинки
      Потребни состојки
      2 тиквички
      200 мл павлака
      50-70 гр сирење
      1 китка магдонос
      2-3 чешниња лук
      по потреба масло,
      сол, копар, јаболков оцет

Пријатен пролетен ручек од kulturno.mk!
Извор ttps://moirecepti.mk