Вечерва со почеток во 20 часот  во Занаетскиот дом во Куманово ќе биде промовиран вториот дел на документарниот филм „Соколана нашата гордост“, од спортскиот новинар Марјан Стошевски. За него ова е сведоштво на значајни настани и личности во поранешна Југославија каде се удриле темелите на тогашната кошарка.

Документарниот филм поединечно ги опишува турнирите, а на промоцијата ќе присуствуваат поранешни кошаркари, тренери од регионот. Целта е, да се сочува од заборав сето она што се одвивало во прекрасниот архитектонски објект од аспект на спортот, конкретно во вториот документарен филм од кошарката.

Од промоцијата на првиот дел во јануари оваа година

Соколана била единствена сала од затворен тип во поранешна Југославија до крајот на 60-те години и Куманово ја имаше таа чест и привилегија да биде гостин, односно да пречека  квалитетни екипи и поединци.Сето тоа поттик и инспирација на авторот Марјан Стошевски.