Вчеравечер во 86-годишна возраст,  почина еден од најголемите современи американски писатели, Филип Рот од срцев удар ,пренесува „Њујорк тајмс“.

Филип Рот е роден во Њујорк, во Њу Џерси во добро ситуирано семејство на американски Евреи. Студирал јазик и книжевност на Универзитетот Букнел и во Чикаго. Бил професор по книжевност на повеќе американски универзитети, а од 1962 година живеел во Конектикат.

Легендарниот Рот, наградуван романсиер и бестрашен раскажувач за секс, смрт, асимилација и судбина најпознат е по комичното лудило во „Портоевата болка“ и елегантниот лиризам на „Американскa пасторала“.

Тој беше меѓу најголемите писатели кои никогаш не добија Нобелова награда. Но, Рот го доби речиси секое друго книжевно признание, вклучувајќи и две национални награди за книги, два награди на Наградата на националните книги и во 1998 година, Пулицеровата награда за „Американска пасторала“.

Автор на повеќе од 30 книги, Рот беше жесток сатиричар и бескомпромисен реалист, соочувајќи ги читателите со директен стил кој ги презира лажните чувства.

Пред шест години го најави своето пензионирање, велејќи дека романот „Немеза“, објавен во 2010 година е неговата последна книга.

Од 2014-та година ,Рот се повелкува од книжевниот свет испоред пренесената изјава на ББС кажал : „Искрено да ви кажам – готов сум“, рече Рот додавајќи дека веќе трета година ништо не напишал затоа што, кога наполнил 79 години сфатил дека повеќе нема време, па својата енергија ја насочил кон препрочитување на најомилените романи и на своите книги.

Овој наградуван романописец и добитник на наградата „Пулицер“ својата инспирација ја пронаоѓал во еврејскиот семеен живот, сексот и американските идеали.