Кога Евровизиската ќе се спои со магијата на Синтра- 12 поени! (2 дел)

За www.kulturno.mk пишува Валентина Георгиевска-Парго

Многу впечатоци се редат на Евровизија, како на филмска лента. Ти треба време да ги средиш сите. И, како да не зависат од тебе. Она што се случува на сцена го гледат цела Европа и цел свет. Но, она што е како дополнително задоволство, го понесува секој кој отишол.

7. Животот во Лисабон е туристички и не секој успеал да дознае дека има Евровизија. На станица две дами, кога ме забележаа со евровизиските материјали во раце, дури и ме прашаа – „Дали случајно има Евровизија?“ Кога добија потврден одговор се сврти и се обрати на својата пријателка: Ти реков ли дека Европскиот фестивал се одржува овде, во нашиот град!

8. Во град, на станици, во метро, на евровизиските фанови налетуваш секаде, особено по плоштади, музеи каде се фотографираат. Кога ќе се симнеш со автобусот налетуваш на станицата каде невработени Португалци возат мали количиња за разглед на градот. Возењето со нив трае половина час. И не е ни скапо. Го прашувам возачот „колку чини?“, ми одговори: „Бидејќи собира двајца, јас им велам по 5 евра од човек, значи двајцата десет. Ако е еден, тогаш јас му ја кажувам цената дека за еден човек е 5 евра, но во ред би било да ми даде 10, ако сака, љубезено и насмеано одговара возачот. Во сред Лисабон можете да преминете и на црвено и да се движите со замижани очи. Навистина. Можеби нема да ви се верува, но автомобилите се толку спори што и дури кога им е зелено стојат во место, не тргнуваат. И ако пешакот поминува и на црвено. Свирење со автомобил, не слушанав. Едно утро, излегувајќи од прекрасниот апартман во стариот дел на уличката каде бев сместена „Лисабон“, дело на врвни лисабонски уметници, видов дека жена го вози шинобусот по линејката, а еден таксист и беше го затворил патот, влезен да си купи доручек во сендвичарата. Возачката му довикна и почна да му објаснува нешто. Тој излезе ја загледа и се доближа до нејзиниот прозорец. Се напрегнав да видам каков епилог ќе има оваа утринска расправија, таа го отвори прозорот тој и кажа нешто и за неколку секунди си поддадоа рака, се поздравија насмеани и еден на друг и си рекоа Бом диа (Добар ден). Возачот го тргна таксито, шинобусот со насмеани туристи јапонци, продолжи понатаму.

9. Културата и љубезноста во Лисабон е чиниш нестварна. Онаа вечер која јас пробував да се ориентирам каде сум во стариот град, кога се враќав од ВИП забавата, на свеченото отворање, кон мене пристапи еден повозрасен човек и на совршен англиски ме праша дали нешто ми треба му делувам како некоја која се загубила.„Руа Сао Паоло“, му реков. Ми покажа дека целата таа улица пред мене е Руа Сао Паоло. Ме праша и за број, и тргна по мене. Беше чист, но не многу пеглан. -Јас ќе ве одведам, тоа е толку блиску. Јас сум бездомник, ако сакате можете да ми дадете пари. Му реков дека немам, плаќам со картичка. – О, во ред, не се возменитувајте одиме кон вашето сместување.

 

Пронајдов 80 центи, му дадов се заблагодари и кога дојдов до вратата, бездомникот замина.

 

10. Повеќе јазици зборуваат сите, од најмладо до највозрасно- шпански и италијански како втор мајчин, англиски совршено, француски уште подобро. Едукацијата за португалците е по се изгледа, задолжителна. Сами си се здолжле со таа обврска. Читаат секаде, најмногу во метро. Таму еден ден чекав метро линија. Пред мене мајка и ќерка со малечко детенце за раче. Тоа си играше на начин на кој само ја пушташе стапалчето кон жолтата линија. Тие му одговараа со„ аааааа“, еден неодобрувачки извик. И колку пати да го повтореше детето, толку пати се слушаше едно мајкино полугласно аааааааа. Нема викотници меѓу граѓаните. Се е најтивко. И секој збор и одговор е проследен со насмевка.

11. На таков момент наидов и една вечер кога шефот на обезбедувањето пред да влезам во салата тргна кон мене. Го загледав и прашав што сум сторила? Ме гушна и само рече- Но, јас тргнав кон вас, сакав само да ви посакам пријатна вечер и да уживате во неа. Продолжив понатаму, без зборови. Посебно љубезни се и во Евроклубот и Еврокафето, каде, по принципиелната и културна проверка од страна на професионалното обезбедување. на она што внесуваме, фановите цела вечер се забавуваат со евровизиска музика, со пејачи кои им пеат евровизиски песни, а и самите тие со караоке шоу. Секоја вечер се оди, на такво задоволство во Министериум клуб. А за обезбедувањето имам најпофални зборови. Тоа е толку обичено, што просто во нив имате доверба за се. таму секој си го знае редот и правилото. Во големите редици кои чекаат на влез за да влезат, еден ден го забележав и еден од првите луѓе на Евровизија, како стпрливо чека. Во делот за новинарите. Еден од обезбедувањето го забележа кој е и го повика да влезе. Тој влезе од другата страна, но замислете, самиот застана на скенерот ги остави својот мобилен и колан, и откако сепак ја помина контролата, се заблагодари и влезе.

 

12.Годинава, Евровизиската магија беше зачинета со навистина едно од најмагичните места на Планетава. Синтра. Градот на Волшепствата. Градот на шесте замоци. Се што сте замислувале во Вашите фантазии, се што мислите дека има во магичните цртани филмови, сега ќе го најдете тука. Град во близина на Лисабон, на само 30-тина километри, со неколку замоци, како од бајките. Во, чиниш бескрајно долгите редици, домаќините обезбедуваат влез со приоритет за новинар, во случајов за мене. Мислам дека цела седмица е малку да се разгледа што се има на овој волшебен рид. Со трансфер превоз ве носат до највисоките и најатрактивниот замок. Занесени сте, се е блескаво наоколу. Врвулици од луѓе од цел свет, а голема радост во групите постојано сретнувате евровизиски луѓе, фанови а и пејачи. Сите се обземени со магијата. Во големиот парк со високи дрвја, неверојатна убавина, езеро, како во бајки, се штипнувате да се осигурате дали сето тоа е сон или вистина. Неверојатна убавина, која магијата на Лисабон и Евровизија 2018 ја прави божествена и божествена.

Во Синтра се вљубил и еден од најголемите духовници на денешницата, следбеник на Рамана Махараши од Индија, и на ашрам, која вос едумдесеттите години на минатиот век ај посетил по прв пат. И рекол дека- магијата на духот се црпи од ова место. Беше фантастично- Обригада Собрал, Обригада Mарсело, Обригада Руи, Обригада Руи, Обригада Руи.

Обригада Португалија, 12 чисто поени за се, и победи пак, во име на магијата!