Вечерва, во Домот за култура „Кочо Рацин“ во Скопје, ќе се одржи промоција на најновата книга „Допирот на времето“ од младата писателка Моника Стојанова. Во делото е претставен сонетен венец и збирка сонети, што воедно претставува најстрогата поетска форма.
Рецензент и промотор: проф. д-р Кристина Николовска од Катедрата за македонска книжевност на Филолошкиот Факултет при УКИМ – Скопје.
Стојанова е автор на пет прозни дела: збирката раскази „Игра, копнеж, вистина“ и романите: „Чекор до разумот“, „Божественото во себе“, „Танцот на животот“ и „Танцувајќи во тишината“.  За својата книжевна дејност досега е добитник е на повеќе национални и интернационални литературни награди.
Промоцијата е со почеток во 20 часот .