Во рамки на проектот „Поврзување“ , со кој Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, по четврти пат учествува на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“, во приморскиот бугарски град Созопол, синоќа  беше отворена групна изложба на автори кои се од Македонија но, живеат, работат или студираат во Бугарија.

На изложбата учествуваа македонските уметници: Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев, Зоран Мише, Иво Пецов, Слободан Милошески, Горан Тричковски и Павел Целкоски.