Фото-Мои рецепти

За јунските топли викенд денови – Убав спој на кокос и шумски плодови.

Начин на подготовка

Белките ги двоите од јајцето и со шеќерот ги матите во густ бел снег. Со шпатула благо се промешува додавањето на кокосот и брашното. Обложете го калапот со хартија за печењеи  наполнете го
со смесата за пандишпан. Печете во загреана рерна додека не зарумени,
и проверете со чепкалка дали е печено. Печениот пандишпан оставете го да излади и преполовете го.

Бел фил
Во садот со млекото се додава шеќерот и се става да се загрее. Густинот се разматува со мал дел од млекото и се додава во остатокот млеко.
Се вари во густ крем. Путерот се мати на страна пенесто додавајќи му ги 4 паковки ванила. Откако густинот крем е ладен се помешува со путерот
и се добива убав нежен крем. Овошен крем Се мијат убаво шумските плодови и се ставаат на оган со шеќерот и водата. Нека провријат добро,околу 10 минути, а потоа во садот
се додава мешвината од разматен пудинг и густинот. Се меша убаво и се трга од оган. Се остава да излади убаво.

Откако се е изладено, се е приготвено, се реди тортата.
Се става првото парче од пандишпанот. Се премачкува белиот фил во дебел слој, а потоа се премачкува со овошниот фил. Се додава вториот дел пандишпан, па повторно се премачкува собелиот фил. Јас ја редев во калап за да не ми бега филот.
Тортата се става во ладилник и откако ќе се стврдне се вади и се декорира со
со свежо или замрзнато зрнесто шумско овошје. Се подготвува розе глазурата и се полева врз овошјето.
Сервирајте ја кога е ладна и уживајте!

Потребни состојки за ова убаво освежување 

 

Пандишпан   

6 белки, 14 лажици кокос, 4 лажици брашно 6 лажици шеќер   

                                                           Бел фил                                             750 мл млеко, 180 гр шеќер,             120 гр густин , 80гр путер или маргарин , 4 пакетчиња ванилин шеќер                                                                                                                              

 

Фото/ Мои рецепти

Крем од шумски плодови

500гр шумски плодови

250мл вода

5 лажици шеќер

2 лажици густин

1 паковка пудинг од ванила

Декорација

200 гр шумски плодови

1 паковка розов прелив за торта

Извор https://moirecepti.mk/post/%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0/fb?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook