Неделен хороскоп од 11 до 18 јуни 2018

Работа

На 12 јуни комуникативниот Меркур ќе влезе во вашата 11 куќа на тимска работа, пријателства и здружувања.Тоа ќе ви помогне да ја подобрите комуникацијата  со колегите со кои работите на исти проекти или со кои се стремите кон исти цели. Заедно ќе бидете подобри!

Но, 13-ти јуни најверојатно ќе биде вашиот  најуспешен ден на професионален план. На тој датум ќе настапи млада месечина во вашата 10-та куќа на кариерата и ќе ви донесе нов прекрасен почеток. Некои девици ќе ја постигнат својата животна цел. Имате точно шест месеци да ја остварите .

Љубов

На 14 јуни Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе го напушти вашиот друштвен сектор и ќе се пресели во вашиот сектор на фантазиите.  Споделувајте ги со партнерот . Некои девици кои не се среќни во љубовната врска, под „чадорот“ на Венера смело ќе кажат КРАЈ. Доколку неодамна сте излегле од врска која не ве усреќувала, сега ќе се насочите кон пронаоѓање на вашата следна љубов.

Здравје

Енергичниот Марс цел месец ќе патува во вашата шеста куќа на здравјето и фитнесот поттикнувајќи ве да се грижите не само за тоа како изгледате, туку и за тоа како се чувствувате. Ќе се грижите за вашиот имунитет и здравје. Енергија дефинитивно нема да ви недостига.

Совет -Искористете ги убавите можности за нови почетоци во кариерата!