Почетна Култура Театар | Опера | Балет Од денешната програма на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Од денешната програма на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

229

На третиот ден од одржување на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп,  ќе се играат три претстави.

Од 19:30 часот на сцената од прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“, актерската екипа на Театарот за деца и младинци од Скопје ќе ја изведе претставата во конкуренцијата за наградите „Еднаш свет изградив“ работена според мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе, во режија на Јане Спасиќ.

Сцена од „Царот Владислав“ од Театарот во Струмица

Втората претстава во конкуренцијата за фестивалските награди е од 22 часот на сцената од Домот на културата „Марко Цепенков“. Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица ќе ја изведе претставата „Царот Владислав“ од Борис Јанков во режија на Бранко Ставрев.

На полноќ на сцената од прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“, како дел од придружната фестивалска програма, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје ќе ја изведе испитната претстава по актерска игра на студентите од прва година во класата на професор Мето Јовановски и на доцент Магдалена Ризова Черних „Смртта на Дантон-комична сцена“ според Герог Бихнер.