Неделен хороскоп од 11-18 јуни 2018

Работа

За вас јуни е месец на партнерствата. Сонцето цел месец ќе патува во вашите сектори на соработките. Најголемите успеси ќе ги доживеете рамо до рамо со лице на кое му верувате и тоа токму оваа недела.

13 јуни е идеален ден за потпишување на договори и за склучување зделки. На тој датум настапува млада месечина во вашата 7-ма куќа на договорите и обврзувањето, носејќи ви почеток на нешто прекрасно.

Љубов

Доколку веќе сте во брак, Венера ќе ви донесе убава вест за бременост. Убавите вести веројатно ќе пристигнат на 13 јуни, кога младата месечина ќе настапи во вашата седма  куќа на љубовта.

За оние со статус сингл – Венера, планетата на љубовта и убавината, на 14 јуни влегува во вашата 9-та куќа на слободата и авантурите, правејќи ве  поопуштени во односите со спротивниот пол. Ќе уживате во миговите. Љубовта и забавата ќе одат рака за рака за вас.

Здравје

Доколку планирате да започнете здрав режим на исхрана, направете го тоа заедно со вашиот партнер, со вашата сестра или со најдобрата пријателка. Во друштво е полесно да с епоминат искушенијата.

Совет- Користете ги позитивните љубовни вибрации во месец јуни !