Неделен хороскоп од 11 до 18 јуни 2018 година 

Работа

Овој период на топло летно време ќе ве направи  безгрижни и несериозни, но сепак ќе си ги завршувате задачите. Ќе работите мудро, а не напорно додека Сонцето патува во вашиот сектор на авантурите.

Многу е важно да не пропуштате ниту една конференција или деловно патување во овој период. Бидете таму каде што се вашите колеги и соработници,не се знае кога ќе излезе одлична деловна можност.

Разбудете го визионерот во вас и соберете ги најголемите награди во вашата професионална сфера, привлечете внимание од сите околу вас.

Љубов

На 13 јуни ќе настапи млада месечина во близнаци, носејќи им нови почетоци на многу ваги. Можно е да започнете врска со лице од друга држава или култура или да ја сретнете вашата сродна душа за време на патување. Вагите кои се во врска ќе добијат желба да избегаат од секојдневието заедно со саканиот. Романтично патување?

На 14 јуни Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе се пресели во вашата 11-та куќа на пријателството и групните активности. Пријателите ќе стануваат партнери, а партнерите пријатели под влијание на романтичната планета.

Здравје

Независно во какви авантури ќе се впуштате во периодот до 19 јуни, по овој датум потребно е да бидете многу повнимателни. Нептун, планетата на тајните  ќе премине во ретроградно движење во вашата шеста куќа на здравјето и фитнесот, правејќи ве посклони кон повреди и грешки.

Совет- Бидете опуштени и свои и плановите ќе ви станат реалност!