Неделен хороскоп од 11-18 јуни 2018

Работа

Со Сонцето во вашата 5-та куќа на креативноста, ќе бидете пооригинални отсекогаш. Некои водолии ќе започнат проект кој ќе им донесе прекрасен и видлив резултат.

Ви недостига само една последна коцка за да ја комплетирате вашата професионална слика? Веројатно ќе ја пронајдете по 19 јуни кога таинствениот Нептун ќе премине во ретроградно движење во вашиот сектор на работата и парите. Маглата од пред вашите очи ќе се подигне, а вие ќе откриете информации кои досега не ви биле на видик.Затоа бидете трпеливи до следната недела.

Љубов

Веќе сте ја пронашле вашата „половинка“? Барајте од партнерот да ги почитува вашите желби и потреби, бидејќи од неговата почит кон вас ќе зависи успехот на вашата врска. Тоа нема да биде воопшто проблем, бидејќи тој ќе ве обожава овој месец.

Со сонцето во вашиот сектор на страста, гламурот и веселиот дух, давајќи ви енергија постојано да изгледате средено и привлечно ќе го имате посакуваното внимание и ќе  бидете центар во вашето друштво и секоја забава ќе започнува и завршува со вас.

Ако сте со статус сингл, запомнете го  13-ти  јуни, кога  ќе настапи млада месечина во вашата 5-та куќа на страста и романсата, носејќи им нови почетоци на  сингл водолиите.

Планиравте бременост? Направете тест на 13 јуни, можно е да се израдувате на позитивните вести.

Здравје

Убавата Венера оваа недела  до 14 јуни ќе патува во вашата 6-та куќа на фитнесот, поттикнувајќи ве интензивно да вежбате за да изгледате фит во летната сезона. Енергија во ниту еден момент нема да ви недостига, бидејќи Марс ќе се погрижи да ја имате во изобилие.

 

Совет- Позитивно искористете ја енергијата што ви ја дава месецот јуни.