“Кој е авторот?‘ – Актуелни трендови во современиот германски театар“ е насловено предавањето кое денеска се  одржува во Кино Култура под ментрорство на  Улрике Зиха – драмска авторка и драматург од Хамбург, Германија.

Во организација  Македонскиот центар на Интернационален театарски институт како  дел од неговата програмаа „Сирота мала богата драма (2018-2020)“ ,ќе се одржи и работилница.

Темата за оваа 2018 година е „Современи германски драмски автори (2010-2017)“ и во овој контекст предавањето на Зиха е посветено на креативното прашање – „Кој е авторот?‘ – Актуелни трендови во современиот германски театар“.

– Предавањето ќе овозможи преглед на актуелните трендови во современиот германски театар (2010-2017), преку видео и текстовни примери. Ќе ви ги претстави влијателните гласови од доменот на пишаната драма, поделениот театар и друг тип на текстовни продукции, нудејќи директен поглед во поврзани дебати, соопшти ИТИ Македонија.

По предавањето ќе следува креативна практична работилница: „Кој сум јас, авторот? – Стратегии за пишување и предизвици во современиот театар“, наменета за драмски автори кои се на почетокот на својата кариера.